
Времето во недела претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност а попладне претежно на истокот и североистокот од земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава на град.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.
Во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.