ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од ново национално предавство со Бугарија

Заев да се откаже од ново национално предавство со Бугарија, народот нема да прифати откажување од јазикот, историјата и идентитетот. Заев да каже што содржи документот кој го договора со Бугарија, зошто молчи и зошто се крие од јавноста? Дали договорот за кој разговара Зарв опфаќа откажување од македонскиот јазик, идентитет и историја? Дали Заев го испратил Бучковски да преговара врз основа на деклараџијата на бугарскиот парламент, што значи откажување од македонската национална посебност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев сам ги изминира македонските позиции, во момент кога како премиер излезе и кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ и дека имаат иста историја. Заев го кажа она што ни најголемите бугарски националисти не го помислиле. Заев треба да знае дека Гоце Делчев е македонски револуционер кој се борел за слободна Македонија. Конечно, Заев треба да сфати дека со понижување нема иднина“, велат од опозициската партија.