Елмас е еден од неколкуте млади фудбалери кои ќе блеснат на ЕУРО, прогнозира шпански AS

Европските клубови будно ќе ги следат натпреварите на евопското фудбалско првенство кое започнува оваа седмица и ќе се обидат да пронајдат млади ѕвезди со кои би можеле да го зголемат квалитетот на ростерот во иднина.

Македонските репрезентативци ќе дебитираат на Европското првенство, а Ељиф Елмас е младиот „бисер“ на македонскиот фудбал, како играч на италијанскиот калчолигаш Наполи станува интересен за многу светски медиуми.

Британски The Guardian го најави како човек од кого ќе треба да внимаваат сите противници на Македонија, а високотиражниот шпански дневен спорстки весник AS го смести на листа со пет имиња кои би можеле да блеснат на турнирот.

Покрај Елмас, такви процени се дадени и за Нуно Мендез од Португалија, Фил Фоден од Англија, Дани Олмо од Шпанија и Рајан Гравенберх од Холандија. Од овие пет млади таленти,  шпанскиот весник очекува големи нешта на континенталниот настан.