
Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави денешната одлука на Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија со потврдувањето на првостепената пресуда против Ратко Младиќ, со која беше осуден на доживотен затвор, оценувајќи ја како „историска пресуда која покажува дека оние кои извршиле ужасно злосторствата ќе одговараат”, со надеж дека ќе ја почитуваат и лидерите во регионот.
– Таа историска пресуда покажува дека оние кои ќе извршат ужасни злосторства ќе одговараат. Со тоа, исто така, се потврдува нашата заедничка определба да ги спречиме идните злосторства каде било во светот – истакна Бајден, пренесува Гласот на Америка.
Тој потсети дека пред речиси 26 години, „Младиќ нареди убиство на околу 8.000 невооружени мажи и момчиња“, командувал „со бруталната долгогодишна опсада на Сараево и тој е одговорен за многу други злосторства“.