
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара власта да има повеќе сенс при предлагањето кандидати за уставни судии за Уставниот суд да не стане партиско собиралиште на СДСМ и на ДУИ.
– Вчера комисијата фактички не ни започна затоа што големиот број на процедурални забелешки и неможноста да се почне со самата седница по основ на она што го слушаме неофицијално за избор на уставни судии, застана работата, а денес нема седница. Очекувам дека власта ќе биде повеќе на висина на задачата за да не дозволи Уставниот суд да стане едно партиско собиралиште на членови на СДСМ и ДУИ – одговори Мицевски на новинарско прашање можна ли е блокада на работата на Уставниот суд по случувањатво Комисијата за избори и именувања.