
Попладнево најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести со блокади на повеќе раскрсници ширум Скопје со цел да македонската јавност да ја дознае вистината за преговорите со Бугарија и како што вели лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за новото национално предавство кое го подготвува 3aeв.
Протестите покрај во Скопје се одвиваа и во 10 градови ширум државата насекаде во мирна атмосфера.
За жал во главниот град на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка се случи поголем инциден по кој еден од активистите на ВМРО-ДПМНЕ заврши во притвор.
Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Калошевски беше уапсен откако се обиде со својата камера да ја сними полицијата која ги запишуваше регистарските таблички на возилата кои ја блокираа раскрсницата, а беше конфронтирана од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Кога полицијата го забележала Калошевски како ја снима дискусијата помеѓу пратеникот и полицијата таа го уапсила при што тој добил удар во слабината и му биле ставени лисици на рацете.
Тој потоа беше одведен во полициска станица, а набрзо потоа под притисок на јавноста, присутните и пристигнувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на блокадата кај Мавровка беше ослободен.
Kaлошевски ексклузивно за Инфомакс.мк истакна дека во полициското комбе бил тепан и навредуван, а неколку удари во слабината и главата добил при самото приведување и ставање на лисици.
Погледнете што вели тој пред камерата на Инфомакс: