Владата преку АЕК бара начин Спорт клуб и Арена спорт да се емитуваат на македонски и албански јазик

Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да се најде начин, спортските канали Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата државада можат да се емитуваат на македонски/албански јазик.

Агенцијата треба да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност, соопшти Владата по денешната седница на која била разгледана и усвоена информацијата за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи.