
По повод сто години од раѓањето на Блаже Конески ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, на 10 јуни 2021 година ќе организира лирско мементо „Поетите за Конески“.
На средбата посветена на неговата голема поезија македонски поети ќе читаат негова поезија, сопствена поезија и ќе зборуваат за големото дело на основоположникот на современата македонска поезија.
Настанот ќе започне во 19.00 часот и ќе се одржи во „Паркот на поезијата“ на Библиотеката со почитување на пропишаните мерки за одржување културни настани на отворено.
На лирското мементо за Конески ќе настапат: Михаил Ренџов , Гордана Михаилова- Бошнакоска, Зоран Анчевски, Виолета Танчева – Златева, Наташа Сарџоска, Снежана Стојчевска и Билјана Стојановска.