
На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип, експлодирала плинска боца.
Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.