
Жител на село Василево е приведен откако во неговиот дом биле пронајдени марихуана и „бела грутчеста материја“.
-Полициски службеници од СВР Струмица, денеска го лишиле од слобода Т.М. (36) од село Василево, Струмичко, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При претресот, во неговиот дом биле затекнати две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М. – информираат од МВР.
Од МВР велат дека со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.