
Попладнево имаше големо невреме во источниот дел на Македонија, но и во остатокот од нашата држава. На социјалните мрежи се појави видео од Берово, каде што се гледа огромна количина на град по улиците.
Невреме имаше и во други градови низ земјава, кое направи штети, а речиси еден час во Скопје немаше струја. Хидрометеоролозите најавуваат невреме и во текот на утрешниот ден.