Двајца стружани приведени за поседување кокаин

На 10.06.2021 во 22.30 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода 26-годишнит И.Р. и Ј.К., двајцата од Струга, информира МВР.

При преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.