
Вакцината против коронавирусот на компанијата Синофарм, која ја разви Пекинскиот институт за биолошки производи, доби одобрување за употреба во Кина на деца постари од 3 години.
Одлуката ја соопшти главниот експерт во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Шао Јиминг, пренесува Ројтерс.
Кина пред шест дена ја одобри вакцината на компанијата Синовак за итна употреба за деца кои имаат од 3 до 17 години.