
За 64 саниметри е пониско нивото на Црн Дрим од јунскиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците на УХРМ, повисок водостој во однос на просекот за јуни има Вардар и тоа за 21 саниметар кај Јегуновце и за 11 саниметри кај Демир Капија. Зголемен е водостојот и на реката Струмица за 20 сантиметри и на Пчиња за 15 сантиметри.
(МИА)