
Местото во ракетата со милијардерот Џеф Безос и неговиот брат е продадено на наддавање во саботата за 28 милиони американски долари, со што е завршена едномесечната аукција за лет во вселената со вселенското летало на компанијата „Blue Origin“.
Идентетот на лицето коешто ја платило оваа сума не е објавен. Од компанијата објавија дека името на купувачот на местото за вселенскиот лет ќе биде објавено „за неколку седмици“. Покрај тоа, се очекува да биде објавено и името на уште едно лице, кое ќе стане член на екипажот. Претставници на „Blue Origin“ ќе ги контактираат најактивните учесници на денешното наддавање и ќе им предложат суборбитален лет кој ќе биде изведен на подоцнежен датум.
Наддавањето е завршено по само седум минути од почетокот на аукцијата која е одржана телефонски, а почетната цена беше утврдена на сумата од 4,8 милиони долари. Ориен Корнел, одговорна за продажба на местата на бродот „Blue Origin“ појасни дека повеќе од 7.000 луѓе од 159 земји поретходно се пријавиле за учество на аукцијата.
Ракетата „New Shepard’ ќе биде лансирана на 20-ти јули од Тексас на летот кој ќе трае околу 11 минути. Треба да претставува пресвртница во настојувањата на американските приватни компании да започнат нова ера на комерцијални патувања за цивили во Вселената.
Основачот на „Blue Origin“ и на најголемата интернет продавница „Amazon“, еден од најбогатите луѓе на планетата Џеф Безост, е долгогодишен вљубеник во Вселената. Тој се натпреварува со милијардерите Ричард Брансон и Илон Макс прв да отпатува на вселенски лет.
„Гледањето на Земјата од Вселената ве променува. Го менува вашиот однос со оваа планета, со човештвото“, изјави Безос во видео-пораката пред аукцијата, додавајќи дека на патувањето ќе го следи и братот Марк.
Сумата добиена од наддавањето е наменета во добротворни цели, но до Blue Origin“ се надеваат дека тоа ќе даде поттик за нивните планови да го развиваат овој вид туризам, којшто до 2030 година, според процените на UBS би можел да носи 3 милијарди долари годишно.
Меѓутоа, Бренсон, кој е основач на компанијата „Virgin Galactic Holdings Inc“, би можел да се обиде да го украде моментот на славата на Безос и да се придружи на можниот пробен лет на работ на Вселената во текот на викендот на 4-ти јули со леталото на неговата компанија „ VSS Unity“, пренесуваат медиуми повикувајќи се на упатени извори.
Компаниите „Blue Origin“ и „Virgin Galactic“, како и „SpaceX“ на Илон Маск, го разгледуваат и користењето на нивните ракети за поврзување на оддалечените градови во светотт. Тој пазар би можел да вреди повеќе од 20 милијарди доалри, проценуваат во UBS.