Полицијата трага по исчезнат полицаец во Делчево, пред два дена заминал на риболов

Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.

Тој за исчезнат е пријавен утринава по што е започната потрага од страна на МВР.

Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.