
Во последните моменти од првото полувреме на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европската фудбалско првенство, играчот од средниот ред на данската селекција 29-годишниот Кристијан Ериксен се сруши на теренот, а лекарските тимови веднаш започнаа со негово оживување.
Играчот на Интер падна на тревникот самиот од себе. Брзајќи да ја прими топката и да ја врати во игра по изведен аут, Ерискен колабираше и падна нанапред додека топката го удри во коленото.
Двајцата играчи на Финска и на Данска кои беа во близината, како и судијата Ентони Тејлор, веднаш сигнализираа на теренот да влезе медицинската екипа. Притоа можеше да се забележи дека еден челн од лекарската екипа на Данска врши компресија врз градите на Ерискен, додека неговите соиграчи формираа круг околу него и медицинскиот тим.
По повеќеминутно укажување на реанимацијата на самиот, Ериксен на носилка кон која погледите со платна го криеја неговите соиграчи бепе изнесен од теренот.
BBC го прекина преносо и објави дека мечот е прекинат и веројатно одложен.
УЕФА издаден кусо соопштение дека Ериксен е пренесен во болница и оти неговата состојба се стабилизира.
https://www.youtube.com/watch?v=y6oD4RxtPyQ