
Во последниот неделен натпревар од првото коло на Групата Ц на Европското фудбалско првенство, во драматичниот финиш Холандија на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам со 3:2 ја победи Украина, впишувајќи ја првата победа на континенталните првенства по 2008 година.
Тврдиот натпревар го одбележа фантастичниот финиш, откако по водството од 2:0 на Холанѓаните, Украинците израмнија на 2:2, но на пет минути пред крајот домашните сепак успеаја да дојдат до победа.
Стрелци за „Лалињата“ Џорџињо Вејналдум во 52, Вут Вегхорст во 59 и Дензел Думфрис во 85 минута, додека за Украина погодија Андреј Јармоленко во 75 и Роман Јаремчук во 79 минута.
Во првиот меч од оваа група Австрија со 3:1 ја оствари својата прва победа на европските првенства во историјата над Македонија која го одигра премиерниот натпревар на некое големо натпреварување.
Холандија дури 13 години чекаше на победа на европско првенство. Последната победа ја оствари во јуни 2008 година против Романија со 2:0. Потоа загубија од Русија во четврфиналето со 1:3, а потоа беа поразени во сите три натпревара од групната фаза на ЕУРО во Полска и Украина во 2012 година, од Данска со 0:1, од Германија со 1:2 и од Португалија со 1:2, додека во Франција во 2016-та ниту се квалификуваше.
Неделниот дуел започна жестоко и во првите десет минути беа создаден три одлучни шанси. Домаќините во 2 минута имаа шанса, но Бушчан го одбрани ударот на Депаи. Возвратија Украинците од корнер, но Јармоленко не ја зафати добро топката, а во 6 минута Думфрис не реализираше чиста шанса.
Нова шанса Холандија имаше во 23 минута. Пред Бушчан излезе Ван Анхолт, но украинскиот голман уште еднаш одлично реагираше. Бекот на Кристал Палас се обиде и во 37 минута, но шитураше над голот.
Во 40 минута Вијналдум упати фантастичен удар од околу 20 метри, но Бушчан повторно феноменално одбрани. До крајот на првиот дел шанса имаше и Јармоленко кгоа излезе сам пред Стакеленбург, но холандскиот голман беше побрз.
Многу подобрата игра Холанѓаните ја ефектуираа со водството во 52 минута, а стрелц беше Вијналдум. Де Роон нафрли во казнениот простор, украинскиот голман ја одби топката, а Вијналдум налета и ја семсти во мрежата. Само пет минути подоцна беше 2:0, кога Димфрис се проби по крилна позиција, топката се одби до Вегхорст кој го погоди небранетиот дел од украинскиот гол.
Украинците ги вратија надежите во 75 минута кога Јармоленко со фантаститечен погодок од 20 метри намали на 1:2, гол кој е без дилема најубавиот во досегашниот тек од првенството. Украина целосно се врати во мечот веќе во 79 минтуа, кога Јеремчук со глава го реализираше нафрлувањето на Малоновски.
Но пет минути пред крајот, Холандија повторно дојде до предност, и како што се покажа до победата. Аке центрираше а Думфрис со глава поентираше за конечните 3:2.
Во второто коло од оваа група на 17-ти јуни Македонија ќе се соочи со Украина во обидот да ја оствари историската прва победа на ЕУРО, а Холандија и Австрија ќе се трудат да дојдат до втората победа на турнирот и практично да се квалификуваат во следната рунда.