
Земјите членки на НАТО ќе спроведат нови воени концепти за „спротиставување на заканите“ кои доаѓаат од Русија и други земји, соопшти во неделата Белата куќа во пресрет на самитот на Северноатлантската алијанса во Брисел.
„Сојузниците ќе се посветат на имплементацијата на новите воени концепти и стратегии коишто ќе го зајакнат потенцијалот за воздржување и одбрана на НАТО за спритиставување на заканите од Русија и други земји. НАТО, исто така, продолжување да го следи распоредувањето на руските трупи во близина на Украина и во нејзините региони“, се наведува во соопштението.
Русија повеќепати претходниот период негираше дека трупа војска на украинските гранции, обвинувајќи ја Алијансата дека токму таа го зголемува военото присуство на запдните руски граници. Откако, на почетокот од мај рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави завршивање на маневрите на југозападните граници и нареди повлекување на единиците во нивните постојани бази, НАТО го поздрави таквиот потег. Но подоцна политичари од Западот продолжија со тврдењата дека Русија трупа војска на границата со Украина.
Во денешната објава на Белата куќа се зборува и за потребата да се вложува во Алијансата.
„Сојузниците, исто така, се посветени во осигурувањето водството, персоналот и ресурсите на НАТО да бидат на нивото непходно за спроведувањето на одлуките донесени на самитот. Челниците (на земјите членки) ќе се согласат да бараат дополнителни ресурси, вклучително и преку севкупното финансирање на НАТО, за подобрување на способноста на НАТО да одговори на безбедносните предизвици денес и во иднина“, се додава во објавата.
Американскиот претседател Џо Бајден во неделата вечерта допатува во Брисел, каде што ќе учестува на самитот на НАТО во понеделникот и следниот ден на самитот САД – ЕУ.
Во соопштението за медиумите на Белата куќа се наведува и дека се очекува оти земјите членки на НАТО на следниот самит во 2002 година ќе го одобрат новиот стратешки концепт, земајќи ги предвид предизвиците и заканите од страна на Русија и Кина.
„Сојузниците во НАТО ќе постигнат согласност да го ревидираат стратешкиот концепт на Алијансата, кој ќе го одреди пристапот кон променливото статешко опкружување, вклучително и агресивните политики и активности на Русија, предизвиците од страна на Кина за нашата колективна безбедност, напредокот и вредностите, како и транснационалните закани како што се тероризмот, кибернетичките напади и климатските промени“, се наведува во објавата на Белата куќа и се додава дека новиот стратешки концепт ќе биде подготвен за усвојување на самитот на НАТО следната 2022 година.
Станува збор за повторување на претходно објавуваните позиции на Вашингтон и НАТО во однос на Русија, во пресрет на самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин во среда во швајцарска Женева.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно седмицава оцени дека самитите на Г7, на НАТО и САД – ЕУ, ќе бидат „идикатор за состојбата на умот“ на Западот. Лавров истакна дека не само Русија, туку и многу други земји се соочуваат тоа што „претставниците на Западот не се подготвени за искрен дијалог заснован на фактите“, отфрлајќи ги вообичаните обвинуваа на сметка на Москва.