
Во неделата вечерта околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот С.Р. од Скопје, излетало од коловозот, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници С.Н. и А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.