Трајановски: Главниот виновник за четиригодишната стагнација на Скопје е Петре Шилегов

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски кој зборуваше за инфраструктурната стагнација, погрешните политики на сегашниот градоначалник Петре Шилегов, како и лошите проекции за иднината и развојот на градот.

Трајановски потенцираше дека Петре Шилегов има една одбивност и револт кон поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, но исто така и кон сите функционери вбројувајќи го и самиот него, бидејќи се она што не им се допаѓа на граѓаните и тоа го кажуваат јавно, наидуваат на напад од страна на Петре Шилегов и етикетирањето како партиски послушници. Тој додава дека не може еден градоначалник да не сака да ги чуе барањата на граѓаните, како и замерките и проблемите кои ги нотираат.

Ароганцијата и нервозните испади само зборуваат за безидејноста и слабата реализација на проектите коишто се ветени за граѓаните на Скопје, бидејќи Скопје доживува една стагнација која што тешко ќе се надомести во наредните четири години, бидејќи се натрупани огромен број нереализирани проекти, истакна поранешниот градоначалник.

„За Град Скопје беа одредени 35 итни и неопходни проекти за реализација, односно по неколку во секоја општина, со што ќе се затворат некои дупки кои најмногу бодат очи. За жал, остварени се само 2 проекти. Едниот е покривот на ГТЦ, а втор е бул. Босна и Херцеговина којшто беше отпочнат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во овие три години сведочиме на неработење, лаги и манипулации, но истовремено се трошат народните пари на проекти кои што само го одработува неговиот пи-ар“, рече Трајановски.

Посочи дека бројни важни проекти останале да „висат“, како што се Универзалната сала, велосипедските патеки, спортските капацитети…

„Но тоа се само дел од проектите коишто се заборавени и нереализираним. Тука има уште голем број на круцијални проекти кои што се од животно значење на граѓаните на Скопје, но тоа не го интересира Петре Шилегов, бидејќи тој се занимава со ситни проекти преку кои сака да се допадне на одредени категории на граѓани, што не е воопшто лошо, но сепак се знае кои проекти треба да имаат предност и колкава е нивната важност“, заклучи Трајановски.