
По вчерашниот допис од Фудбалската федерација на Македонија, Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека покрена истрага против Марко Арнаутовиќ за неговата претерана и некоректна реакција врз Езџан Алиоски по постигнувањето на голот за 2-1 на австриската селекција во неделата против Македонија.
Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување. Сепак, УЕФА целосно ќе го анализира случајот и покрена постапка.
Напаѓачот ризикува парична казна или суспензија на барем еден натпревар. Одлуката се очекува во текот на денешниот или утрешниот ден.