Мицкоски до Заев: Вчудоневиден сум од примитивизмот, народот е уморен од криминал, корупција и безидејност, жалам што народот мора и да чита и слуша вакви политичари

Вчера ме нарече “Мицко”, си помислив дека било мал лапсус, денес продолжи дека сум бил “изгубен”, а јас сум само вчудоневиден од примитивизмот на поединци, кои навредуваат мислејќи дека така ќе привлечат внимание, а ги има неколкумина.

Нема да навредувам и на идентичен начин да одговорам само ќе констатирам дека народот е уморен од криминал, корупција, безидејност, примитивизам, неспособност, барем малку да го зачуваме нивото и достоинството. Жалам што граѓаните мора и вакви политичари да читаат и слушаат.