Тројца скопјани приведени, откако кај нив се најдени украдени предмети и сомнителни материи

На 15.06.2021 во 19.45 часот на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Д.(33), С.Н.(29) и И.Н.(26), сите од Скопје. При преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 215 и по член 236 од Кривичниот законик.