Ангеловски: Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги кажа своите впечатоци по денешниот пораз (1:2) од Украина.

– Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второ да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа што не им возвратиме на нашите навивачи со позитивен резултат. Ни престои натпревар со Холандија која е апсолутен фаворит. Сепак, се надевам дека на тој меч ќе успееме да стигнеме до првите бодови на едно Европско првенство – рече Ангеловски на денешната прес-конференција.

По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.