Ова прашање го извади од такт Бајден, a социјалните мрежи вријат

Американскиот претседател Џо Бајден се извини за „глумењето паметен“ откако тој дрско и одговори на новинарката, која му постави прашања по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

По прес-конференцијата во Женева, американскиот претседател направи пауза за да одговори на прашањето на Кејтлан Колинс, новинарка на „CNN“, во врска со средбата со Путин и „верувањето“ на Бајден дека рускиот претседател ќе го промени однесувањето.

– Не сум сигурен дека ќе го сменам неговото однесување. Што по ѓаволите? Со што се занимавате цело време? Кога реков дека сум сигурен во тоа? – избувна Бајден и видливо изнервиран тргна кон новинарката.

Бајден тогаш рече дека Путин може да ги промени своите постапки доколку реагира остатокот од светот и ја намали неговата позиција во светот.

Видеото од избувнувањето на Бајден во Женева се прошири на социјалните мрежи, а многумина го критикуваа неговото агресивно однесување кон новинарката, нагласувајќи дека ваквата изјава ќе предизвика голема бура во медиумите и меѓу активистите доколку тој беше претседател кој не доаѓа од редовите на демократите.

Поединци забележале и дека Бајден е поостар кон новинарката, отколку кон Путин, пренесуваат медиумите.