
Десет пациенти се хоспитализирани поради компликации од коронавирусот во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава, соопшти Министерството за здравство.
„Во Скопје е примен еден пациент и девет пациенти во болниците низ земјава. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на ковид-19. Од нив, 26 се во Скопје и 64 во ковид центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево. Во ГОБ ‘8 Септември‘ во Скопје има вкупно девет болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 17 пациенти“, се вели во соопштението.