
Премиерот Зоран Заев по денешната средба со неговиот бугарски колега Стефан Јанев, најави повторно отворање на уставот на Република Македонија.
-С.Македонија го отвора Уставот, наша интенција е да се попишат сите малцинства кои живеат и се застапени во државата. Мораме да имаме европски Устав, изјави Заев.
Во однос околу историските прашања и историската комисија, Заев рече и да нема точки на зближување, треба да ги измислиме.
-Историската комисија ја охрабрувам. Ја работи работата одлично и за 5-6 историски ликови веќе е постигнат договор. Одлуките се носат согласно наслушнатите и прибавените материјали од двете страни. И да нема точки на зближување, треба да ги измислиме, дециден беше Заев.