
Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Северна Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум, се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.
Се ревакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората, чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат и да го задржат нивото на економска активност.
Процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.
Ревакцинацијата ќе биде извршена на истото место каде и првата вакцинација.