
Вчера околу 10.30 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(31) удрило во пешакот Б.Т.(34), двајцата од Прилеп.
По незгодата пешакот е префрлен во Градската болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп.