
Во неделата беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот детектиран во Македонија. И покрај анализите дека тој се шири многу брзо, сепак нема потреба од евентуални рестрикции, истакна во неделата министерот за здравство, Венко Филипче .
„Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, рече Филипче на денешната прес конференција.
Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), сојот на коронавирусот B.1.617 е откриен на 5-ти октомври 2020 година во индиската сојузна држава Махараштра, а од неодамна се идентификувани случа на зараза со овој ткн „индиски сој“ во повеќе земји во светот. Според индиските медицински стручњаци, овој сој најверојатно е една од причините за вториот бран на епиденијата од коронавирусот во Индија. Властите во Русија, Португалија и Велика Британија, исто така, сметаат дека острото зголемување на бројот на инфекции во овие земји се должи токму на оваа варијанта на вирусот.