(ФОТО) Дуа Липа уловена пијана, а овие фотографии би сакала да ги избрише

Пејачката Дуа Липа (25) била со своето момче Анвар Хадид на роденденска забава кај пријатели во Калифорнија, а притоа иако се трудела, не успеала да се скрие од папараците.

Дуа Липа, која по потекло е од Косово, е една од најголемите светски поп-sвезди, па папараците го следат секој нејзин чекор.

Пејачката била снимена со своето момче, манекенот Анвар Хадид (21) кој е брат на светски познатите манекенки Бела и Џиџи Хадид.

Според фотографиите, очигледно е дека Дуа се опуштила на роденденската забава и испила повеќе од потребното.

Липа претпазливо и полека одела, додека Хадид ѝ бил поддршка и ја држел за рака, а лицето го криела од папараците. Пејачката, која е позната по своите секси изданија, била облечена во фармерки, кратка маичка и патики.

Инаку, Дуа и Анвар се заедно две години, а на почетокот ја криеше нивната врска додека сега споделува заеднички фотографии на Инстаграм каде ја следат 67,9 милиони луѓе.

Гласините дека тие се заедно се проширија во јуни 2019 година кога протекоа снимки на кои го слават неговиот роденден. Пред него, Дуа беше пет години во врска со готвачот Ајзак Кару.

ФОТО: Инстаграм