
Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизја Телма во емисјата „Топ тема“ рече дека тоа што Македонија не доби датум за старт на преговори со Брисел е резултат на политиката на Зоран Заев.
„Денес се случи она на што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт“, рече Андоновски.
Според него има две лоши тенденции, едната дека „Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криењето и никој нема да се врати чекор назад“ и второ, „настанот ја покажа анемичноста на македонската диломатија“.
„Македнија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се разива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не и од страна на Македонија“, рече Андоновски.
Говорејќи за изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој вели дека е веќе разговарано за промена на знаме, грб и химна