
Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени.