
Македонскиот национален тим ќе биде значително ослабен во претквалификациите за Светското првенство што ќе се одржат во август во Скопје.
Покрај Војдан, кој е повреден и ќе мора да паузира уште најмалку три месеца, новиот селектор Драган Бајиќ не може да смета ниту на неговиот брат Дамјан Стојановски кој го откажал својот настап во овој циклус. Но тоа не значи дека тој нема повеќе да игра за националниот тим.
„Дамјан Стојановски ни соопшти дека нема може да игра во овие претквалификации. Другите, на кои ќе смета Бајиќ, се надеваме дека ќе бидат на располагање и заедно ќе обезбедат пласман во главните квалификации за Мундијалот“, реле Тодор Гечевски, директор на КФСМ.
Според планот, подготовките ќе почнат на 12 јули, но на почетокот ќе тренираат помладите кошаркари кои треба да се наметнат кај Бајиќ. Претквалификациите се играат од 12 до 18 август во Скопје, а противници на Македонија се Словачка и Швајцарија.