
Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа ова лето, предупреди во средата здравствена агенција на континентот.
Делта варијантата (B.1.617.2), позната како „индискиот сој“, за 40 до 60 отсто е позаразна од алфа варијантата (B.1.1.7) позната како „британскиот сој“, објави Европскиот центар за спрчување и контрола на болестите (ECDC).
Ова агенција чие седиште е во шведската престолнина Стокхолм очекува дека 70 отсто од новите случаи на зараза со коронавирусот во Европската унија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн до почетокот на август ќе се однесуваат на делта варијантата. До крајот на август, пак, тој процент ќе изнесува 90 отсто.
„Многу е веројатно дека делта варијантата ќе се распространи во текот на летото, особено меѓу младата попуалција која не е одредена за вакцинирање. Тоа би можело да претставува ризик за рабливите поединици кои би можеле да се заразат и да минат тешка форма на болеста и смртен исход доколку целосно не се вакцинираат“, изјави директорката на ECDC, Андреа Амон.
Научниците од Универзитетот Оксфорд ја анализирале зачестеноста на реинфкциите со оваа варијанта кај луѓето кои оздравеле од Covid-19, а резлтатите беа објавени минатата седмица.
Зачестеноста се покажала особено висока кај лицата кои биле заразени со бета и гама варијантите односно „јужноафриканскиот сој“– B.1.351 и „бразилскиот сој“ – P.1.
Истото истражување покажало и дека вакцините на „Pfizer/BioNTech“ и на „AstraZeneca“ се ефикасни против делта варијантата и пружаат висоа заштита од 90 отсто од хоспитализациите.