Германија и Франција повикуваат на промена на стратегијата на ЕУ кон Русија

Германија и Франција повикаа на разработување нова стратегија на Европската унија за потесна соработка со Русија и организирање самит со рускиот претседател Владимир Путин за да се подобрат односите меѓу блокот и Москва, откриваат двајца дипломати за подоготовки за средба на врвот, што би била првата таква по 2014 година.

Весникот Financial Time, забележува дека по американско-рускиот самит во Женева, во Берлин сметаат дека преговорите станале „образец“ за обновување на односите со Рисија. Исто така, се наведува и дека германската канцеларка Ангела Меркел истапила со иницијатива на евентуалниот таков состанок да биде поканет рускиот претседател Владимир Путин, а идејата била поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбите на највисоко ниво меѓу ЕУ и Русија беа прекинати, откако во март 2014 година по превратот во Украина, мнозинското руско и рускојазично население на црноморскиот полуостров Крим преку еден референдум со 96 отсто од гласовите изгласа враќање на автономијата која Киев му ја укинал во 1990-те и со вториот, со исто толкава поддршка, враќате во рамките на Русија од која е административно пропоен на Украина во времето на Советскиот сојуз, односно присоединивање кон Руската Федерација. Откако Москва ги уважи резултатите од двата референдума, Западот воведе низа санкции против Русија сметајќи дека станува збор за руска нелегална анексија на украинска територија.

Париз и Берлин се назадоволни што пристапот на Европската унија кон Русија изминатите години се сведува само на воведува санкции, при што Брисел главно ги следеше одлуките на Вашингтон, дознава агенцијата Reuters.

„Мораме да дискутираме како да се излезе од оваа негативна спирала, но мораме да настапиме обединети“, рекол неименуван европски дипломат, додавајќи дека балтичките дрќави би можее да се противат на таквиот самит.

Според изворите, сѐ уште не е јасно дали таквата средба би ги вклучувала сите 27 челници на земјите членки на ЕУ или само претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Челниците на Европската унија за новата стратегија за управувањето со сѐ полошите односи со Русија ќе разговараат од четврток, на дводневниот самит во Брисел.

„Германија и Франција дадоа некои идеи за расправа во ЕУ за Русија. Меркел претходно спомена дека со Русија и Киона на највисоко ниво не би требало да разговараат само САД. Русија е сосед, а таков формат веќе постоеше во 2007 година во Финска“, изјавил за Reuters совоговрник упатен во престојниот состанок посветен на Русија.

Стратешкиот документ на Европската комисија и дипломатската служба на ЕУ објавен претходно во јуни покажа дека и покрај тензичните години „ЕУ и Русја имаат основна заедничка одговороност за ирот и безбедноста на европскиот континент“.

Иако Западот ја обвинува Русија по низа прашања од кибернетички напади, ширење дезинформации и други активности, што Москва ги отфрал и посочува дека се без основа и не се поткрепени со никакви докази, просторно најголемата земја на светот сѐ уште е петтиот најголем трговски партнер на ЕУ, којашто пак е најголемиот странски инвеститор во Русија.