Меркел ја прими вакцината на Модерна по првата доза на Астра Зенека

La canciller alemana Angela Merkel asiste a la reunión semanal del gabinete en la Cancillería en Berlín, Alemania, 31 de marzo de 2021. REUTERS/Hannibal Hanschke

По вакцината на Астра Зенека во април, германската канцеларка Ангела Меркел сега ја прими вакцината на Модерна како втора доза, изјави портпаролот на владата, пренесува Al Jazeera English.

66-годишната Меркел ја прими првата доза на вакцина на Астра Зенека во април, повеќе од две недели откако германските власти препорачаа вакцината да се користи кај луѓе над 60 години.

Милиони дози на вакцина на Астра Зенека секако се користени во Европа, но останува загриженоста за редок вид на тромб што се случил кај екстремно мал број луѓе кои примиле вакцина. Како резултат, голем број луѓе во раните приоритетни групи – поради нивната возраст или здравствена состојба – ја одложија вакцинацијата со АстраЗенека, претпочитајќи да чекаат друга вакцина.