Ѓорчев: Владата на Заев ја урниса меѓународната позиција на Македонија

Владата на премиерот Зоран Заев направи сѐ за да ја урниса македонската позиција и ја доведе Македонија во најлошата позиција досега на меѓународната сцена, оцени во средата Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостување во емисијата „24 анализа“ на Телевизја 24.

„Позицијата и тоа колку е влошена. Не само што има блокада од Бугарија, има најава и за нератификување на меморандуми од Грција. Во меѓувреме нашите неразбрани трговци ги избришаа сите црвени линии, Македонија е како никогаш до сега поразена и ограбена, а Европа не сака да започне преговори со најкорумпираната влада. Колку за илустрација 18 години Транспаренси ја следи Македонија и во 2010 година, земјава е на 67 место, на 64 место во 2014 сега во моментов сме најлоши. Сега Македонија во моментов е една земја неподготвена земја за преговори, забаталена, ништо не се случува, се цедат граѓаните преку низа на давачки“, рече Ѓорчев.

Потенцирајќи дека Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана укажа дека нема ни нема возачки, регистерски за граѓаните, ама за мафијашите нема.

„И кој е воновен за ова? Тетката што сликала во пасошко, и чичкото што ставал печати. Тоа не е можно“, рече Ѓорчев.