
Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, откако кај него биле откриени непријавени 17.770 евра.
-При влез во Република Албанија, во втората линија, за детална контрола на возилото марка „Фолксваген“, управувано од државјанинот Зоран Николиќ (34) години, жител на Скопје, Северна Македонија откриени се 17.770 евра кои претходно не ги пријавил. Парите при контролата се пронајдени во чанта која била во возилото и се одземени, како доказен материјал, стои во полициското соопштение.
Се додава дека понатамошни активности биле извршени од специјалисти за истрага на криминал во полицискиот комесаријат Поградец, кои го привеле 34-годишниот скопјанец.
Случајот е предаден на Обвинителството во Основниот суд Поградец.