Скопјанка и нејзини помагач ограбиле накит и технички уреди од куќа

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишната М.Ѓ. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Пријавената на почетокот од февруари годинава, заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле во куќа на улицата Каирска“, сопственост на С.С., при што одзеле пари, техничка стока и златен накит и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 150.000 денари.