
Мрзеливиот скопски градоначалник Петре Шилегов три месеца пред избори ветува проекти, а четири години со прст нема мрднато. Шилегов ветуваше и тунел под Кале, па завршивме само со ѓубре под Кале, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири години се фали дека ќе направи продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, а од тоа нема ништо, покрај Вардар се само дивите депонии како Вардариште кои Шилегов никако да ги исчисти. Шилегов вети многу, а не направи ништо. Тој ќе остане запаметен како најмрзеливиот градоначалник на Скопје, без ниту еден капитален проект, велат од партијата и додаваат:
„Четири години единствена преокупација на Шилегов му се матните зделки со градски пари. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ. Македонија за сите луѓе!“.