Меркел во веројатно последното обраќање во Бундестагот повика на европско единство

Во својот најверојатно последното обраќање пред германскиот парламент Бундестагот, канцеларката Ангела Меркел во четвртокот повика на јакнење на ефикасноста на Европската унија, а пратениците ѝ одадоа признание за залагање за демократијата во Германија и Европа во текот на 16-те години минати на канцеларската должност.

„Ние денес знаеме дека можеме подобри и дека во иднина ќе бидеме подобри“, рече Меркел во пресрет на самитот на ЕУ кој во четврток и петок се одржува во Брисел.

Канцеларката истакна дека особено во областа на кризниот менаџмент, заштитата на здравјето, односот кон Шенгенскиот простор и заедничкиот пазар постои потребата за јакнењето на дејственоста.

„Најважно е што разговорот за овие теми во рамките на Советот на ЕУ веќе започна“, рече во продолжение Меркел.

Меркел повика и на и заеднички настап во однос на Русија.

„Единствено така ќе биде можно успешно да се реагира на хибридните напади од Москва. Настаните последните седмици, и тоа не само во Германија, јасно покажаа дена не е доволно доколку реагираме некоординирано“, рече Меркел ден откако заедно со францускиот претседател Еманиел Макрон изјавија дека ЕУ мора да изгради сопствен однос со Русија и организирање самит со рускиот челник Владимир Путин.

Претседателката на пратеничката десна евроскептична, антиестаблишмент и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вејдел, жестоко ја критикуваше политиката на владата на Ангела Меркел, посебно во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Локдаунот не донесе никави мерливи резултати само многу колатерални штети. Објаснувањата за овој вид политика се уриваат како кули од карти“, рече претставничката на најголемата опозициска партија во Бундестагот во овој предизборен период.

Вејдел ја критикуваше и политиката кон мигрантите и бегалците, особено договорот меѓу Европската унија и Турција за прифаќање на овие лица.

„Клучот за намалување на нелегалните миграции лежи во Берлин, а не во Анкара“, рече Вејдел.

Шефицата на пратничката група на партијата Зелени и кандидатка на оваа партија која оствари голем раст на довербата кај гласачите за канцелрка на претстојните парламентарни избори, Анален Барбок, и одаде признание на Меркел за нејзините постигнувања во „обединувањето на Европа“.

„Многу, многу граѓани Ви се благодарни за она што го сторивте за Европа во овие кризни времиња“, рече Барбок.

И челникот на Либерално-демократската партија (FDP), Кристијан Линднер го пофали придонесот на Ангела Меркел во процесот на јакнењето на Европската унија.

„Вие во последните 16 години секогаш својата сила и својот интелектуален талент несебично го стававте на услуга на Германија и Европа и со тоа стекнавте големи заслуги“, рече Линднер на крајот веројатно последното обраќање на Ангела Меркел во Бундестагот во својоство на германска канцеларка.

Меркел уште во 2019 година најави дека повеќе нема да се кандидира на изборите за Буднестагот кон крајот на септември годинава. На канцеларската должност беше избрана во 2005 година.