
Насловната страница на бугарскиот весник Сега во петокот донесе карикатура на македонскиот премиер Зоран Заев, посветена на вчерашниот состанок на лидерите на земјите-членки на Европската унија, на кој Македонија уште еднаш се соочи со бугарското вето.
Според весникот, некој очигледно не се снаоѓа со политиката на „морков и стап“. Заев е преставен како зајак со големи уши, кој излегува од шапката на масата на ЕУ.