
Ноќта кон петокот, во периодот од 1,30 часот до 5 часот полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовското село Жеровјане, сопственост на 30-годишниот А.А. од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од Македонија, како и 41 лице – гости во објектот, информира МВР.
Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.
Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште не поседувале документи за идентификација.