Бајден најави безбедносна помош на Авганистан и по повлекување на американските трупи

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во петокот по локално време ги прими авганистанскиот претседател Ашраф Гани и неговиот поранешен ривал Абдулах Абдулах, повикувајќи го Авганистанците да одлучат за иднината на својата држава во пресрет на заминувањето на американските трупи од таа држава по 20 години им порача дека ќе продолжи безбедносната помош од САД.

Бајден примајќи ги Гани и Абдулах во Овалната канцеларија ги нарече свои „стари пријатели“, па порача дека амриканската поддршка за Авганистан ќе поддржи.

„Авганистанците ќе мора да одлучат за својот иднината, за тоа што сакаат“, рече Бајден и нагласи дека „насилството мора да престане“.

Гани рече дека авганистанските безбедносни служби во петокот ослободиле шест окрузи од контрола на талибаните, но тие сѐ уште контролираат 50 од 370 окрузи во земјата. Истакна притоа дека ја почитува одлуката на Бајден и дека партнерството меѓу Авганистан и СА влегува во нова фаза.

„Решителни сме да го сочуваме единственото, кохерентноста“, изјави авганистанскиот челник.

Подоцна во разговорот со новинарите Гани подоцна рече дека одлуката на САД за повлекувањето е суведена и деа сега Кабул ѕрена да „управува со последиците“. Истакна дека Бајден јасно артикулира дека американската помош во безбедноста на Авганистан ќе се забрза на други полиња.

Средбата во Овалната соба симболички е важна за Гана кој во својата држава е соочена со борбата со талибаните, бомбашките бапади, растот на бројот на коронавирусот и политичката борба во Кабул.

Бајден од Конгресот бараше да одобри 3,3 милијарди долари безбедносна помош за Авганистан за следната 2022 година, а САД во оваа азиска земја да испрети три милиони дози на вакцини против Covid-19.

Доаѓањето на Гани и Абдулах, двајцата политичари кои по контроверзните избори минатата година договорија поделба на власта. Луѓето на Абдулах влегоа во владата, а тој стана задолжен за мировните преговори со талибаните, но тој процес е во ќорсокак, а се влошуваат меѓу владините сили и радикалните исламистичките бунтовници.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во текот на посетата на Париз во петокот рече дека Вашингтон проверува дали талибаните се „сериозни околу мирното решение на судирот“.