Извештај на САД за вонземјаните: Нема докази, но некои феномени се необјасниви

Американската влада во петокот го објави нестрпливо од јавноста очекуваниот извештај за постоењето на вонземјани, но истовремени признавајќи дека десетици феномени за кои сведочеле воени пилоти не можат да се објаснат.

Во големиот извештај на американската влада, UAP, како што денеска се нарекува она што некогаш се означуваше како UFO, се тврди дека на воените и аналитичарите на разузнавањето им недостигаат докази кои би го објасниле феноменот на мистериозните летачки објекти, односно дали станува збор за напредни земски технологии, атмосферски појави или од вонземски карактер.

Извештајот, поднесен во Конгресот и објавен во јавноста, опфаќа 144 набљудувања за она што американската влада го нарекува „Неидентификувани воздушни феномени“ или UAP, а датираат од 2004 година. Извештајот го објави Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба со работната група за UAP под водство на американската воена морнарица.

„UAP јасно претставува прашање на безбедноста на летањето и може да претставува предизвик на американската национална безбедност“, се наведува во извештајот во кој се додава дека за појавите „веројатно недостига единствено објаснување“.

„Во ограничен број инциденти, наводно се чини дека UAP покажува необични карактеристики на летот. Овие забележувања би можеле да бидат грешки на сензорите, подметнувања или погрешни перцепции на набљудувачите и бараат дополнителна ригорозна анализа“, се додава во извештајот.

Извештајот вклучува и некои случаи на UAP коишто претходно дојдоа до јавноста во објавата на Пентагон на видеоснимките на американската морнарица коишто прикажуваат мистериозни воздухоплови на источниот и западниот брег на САД, која демонстрираат брзина и управување со нив кои ги надминува во моментов познатите авионски технологии и недостигаат видливи средства за погон.

„Тоа не е целта на работата група, којашто би проценила секаква потрага по вонземски живот… Тоа не е она за што сме надлежни. За 144 извештаи за кои станува збор, немаме јасни знаци дека за нив постои некое вонземско објаснување, но ќе одиме во насоката каде што податоците ќе нѐ одведате“, рекол висок американски функционер, пренесе Reuters.

Извештајот воспоставил пет потенцијални категории на објаснувања, а речиси сите тие случаи се без објаснување и подлежат на натамошни истражувања, рекле американски функционери кои сакале да останат анонимни, во текот на брифингот со новинарите за наодите од извештајот.

Меѓу тие категории, на пример, се природните атмосферски феномени и странски системи, но постои и категоријата „останато“.

За сите случаи освен за еден, значи за 143 случаи, владата сѐ уште не донела одлука за тоа дали виденото може да биде од вонземско потекло, додаваат функционерите.

„Од податоците со коишто располагаме, немаме јасни знаци дека која и да е овие неидентификувани воздушни појави е дел од странска (разузнавачка) програма за собирање сознанија, а немаме ниту јасни податоци коишто укажуваат на голем технолошки напредок на потенцијалниот противник“, рекол висок функционер.

Владата последните години го усвои UAP како свој омилен израз за верзијата позната како „неидентификувани летечки објект“ НЛО (UFO), долго поврзувано со поимот на вонземските летала.

Извештајот го нарача Конгрес како дел од поширокото разузнавачко законодавствот, кој во декември го потпиша поранешниот американски претседател Донал Трамп. Сенаторот Марко Рубио беше клучната фигура за неговата нарачка.

„Со години мажите и жените на коишто им веруваме дека ќе ја бранат нашата земја известуваа за средби со неидентификувани летала кои имале супериодни способност, а со години нивните сомнежи често се игнорирани и исмејувани. Овој извештај е важниот прв чекор во каталогизирањето на овие инциденти, но тоа е само првиот чекор“, истакна Рубио.