
На 25.06.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што е констатирано дека 15 возачи управувале возило под дејство на алкохол, санкционирани се 24 прекршоци што ги чинат пешаците, а констатирани се и 34 друг вид прекршоци.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбeдноста во сообраќајот.