
Во саботата околу 15,30 часот било пријавено дека на автопат „Пријателство“ на делницата Скопје – Велес, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од 49-годишниот А.С. од Скопје паднал на коловозот.
Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.