
Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на црноморскиот полуостров Крим кој во 2014 година си ја врати автономијата од Украина и се врати во составот на Русија од која е отцепен во ерата на Советскиот сојуз, како јасен одговор на воените маневри кои во Црното Море кои Москва ги доживува како отворена провокација.
Маневрите под називот „Sea Breeze“, кои започнаа во понеделникот се одвива во контекстот на зголемувањето на тензиите на САД и НАТО со Русија, која предупреди на зголеменото присуство на западните војски на нејзините граници последната година а чиишто сили минатата седмица отворија предупредувачки оган и исфрлија бомби по траекторијата на британски разурнувач одвраќајќи го од натамошно продирање во руските територијални води.
Руската Црноморска флота, чиешто седиште историски повеќе од еден век е во Севстопол кој иако е на Крим секогаш имал посебен статус, објави дека во рамките на тестирањето на подготвеноста распоредила 20 борбени авиони и хеликоптери, вклучително и бомбадерите „Су-24М“, како и напредниот ракетен систем „С-400 Триумф“ и ракетниот систем „Панцир“ со ракети „земја-воздух“.
Русија историски го смета Крим за своја територија која Западот декларативно го смета за украинска територија а Киев го бара назад по присоединувањето на Руската Федерација како што одлучио со двата референдумот од март 2014-та кога тамошното населени.
„Црноморската флота презема повеќе активности чија цел е да се следат активностите на бродовите на НАТО и другите земји кои учествуваат во маневрите ‘Sea Breeze 2021’“, се наведува во соопштението на рускиот национален центар за одбрана.
Москва повика да бидат откажени овие воени маневри пред да почнат, а руското министерство за одбрана објави дека без размислување ќе реагира долку биде неопходно да се заштити националната безбедност. Станува збор за предупредување по инцидентот со британскиот резурнувач, чие пловење во водите на кои Русија полага право, според тајните документи кои го загуби британското министерство за одбрана кои осамнаа во медиумите, имало за цел да демонстрира дека Велика Британија не стравува и ги смета тие води за украински.
Вежбите под називот „Sea Breeze 2021“ започнаа во понеделникот 28-ми јуни и ќе траат до 10-ти јули, а вкучуваат 5.000 припаднции на воениот персонал на НАТО и сојузниците, односно од Украина, САД, Канада, Велика Британија, Холандија, Романија, Бугарија, Грција, Турција Латвија и земји партнери на пактот, Планирано е активирање на 40 борбени бродови, чамци и помошни пловика, 40 борбени авиони и повеќе од 100 оклопни возила, што укажува и на увежбување и копнена инвазија. Ќе учествуваат и американскиот ракетен разурнувал „USS Ross“ и елитните американски маринци.
Русија претходната седмица ги предупреди Велика Британија и САД „да не ја предизвикуваат судбината“ со испраќање на борбени бродови во Црното Море и им порача дека своите граници ќе ги брани со сите можни средства, вклучително и со употреба на воена сила.